Online плаќање со mkpay.mk 

  • без турканици и чекање редици
  • најниски провизии

Како работи Mkpay?

  1.  Внесете upravitelplus.mk на Вашиот интернет пребарувач
  2.  Внесете ја Вашата електронска пошта (проверете го junk/spam сандачето)
  3.  Добијте лозинка за еднократна употреба
  4.  Одберете од листата Управител Плус
  5.  Внесете ги почетните 8 бројки од Вашата фактура
  6.  Платете со Visa или MasterCard

Системот Ви овозможува плаќање на сметки преку Веб порталот www.mkpay.mk со едноставна најава без претходно креирање на профил и без електронски токен.

Плаќањето се врши директно преку картичка од брендовите Visa и MasterCard

Политика за он-лајн плаќање на сметки преку виртуелен POS терминал со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни)

 

Eлектронско плаќање е трансфер (пренос) на парични средства од страна на Корисникот на картичката на соодветна уплатна сметка за редовен и резервен фонд на зградата којашто ја управуваме и одржуваме, кој  се случува преку веб порталот на Управител плус, а врз основа на авторизирана трансакција со картичка.

Виртуелен ПОС е електронски сервис кој е поставен на веб порталот на Управител плус, а со која се одвива електронското плаќање.

Корисници на електронскиот сервис се регистрирани корисници на системот, без употреба на дигитален сертификат, а кој користи он-лајн плаќање на сметка за редовен и резервен фонд на зградата којашто ја управуваме и одржуваме преку виртуелниот POS терминал со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни), преку веб страната на Управител плус.

Пренос на средства со налог за плаќање на редовниот и резервниот фонд преку виртуелен POS терминал со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни), во рамки на системот преку веб порталот на Управител плус, претставува финансиска трансакција која се извршува преку деловните банки.

1)            Финансиска трансакција со безготовинска картичка  (дебитна и кредитна) од брендовите на MasterCard и Visa

Финансиска трасакција со безготовинска платежна картичка  (дебитна и кредитна) од MasterCard и Visa претставува пренос на средства со помош на платен инструмет (картичка) преку банкарскиот систем и системите на MasterCard и Visa, и се одвива според меѓународните стандарди пропишани од истите.

Трансакцијата со платежна картичка на виртуелни пос терминали, според меѓународните стандарди на MasterCard и Visa се одвива во 2 чекори:

РЕЗЕРВИРАНИ СРЕДСТВА (PENDING)-претставува испраќање на барање до Банката-издавач  на платежната картичка, за потврда дека картичката е валидна и  располага со бараниот износ на средства. Доколку Банката врати потврден одговор дека картичката е во ред и  располага со бараниот износ, се врши резервација на средствата (pending). Од овој момент средствата не се одземени од сметката на корисникот, но  истите се резервирани и не се на располагање.

КОМПЛЕТИРАЊЕ ТРАНСАКЦИЈА (PURCHASE) – откако ќе заврши книжењето, Банката-прифаќач до Банката- издавач на картичка испраќа информација дека резервацијата се потврдува и затвора. Во тој момент резервацијата преминува во реална финансиска трансакција (purchase) и за тој износ се задолжува сметката на корисникот.

2)            Пренос на средствата кон редовниот и резервниот фонд на зградите и книжење во евиденциите на Управител плус

За секое плаќање извршено преку овој сервис до 23:00 часот, Банката генерира поединечни налози и обезбедува да се извршат трансакции следниот работен ден за уплатените средства преку овој сервис до соодветните  уплатни сметки за редовниот и резервниот фонд. Изводите за уплатените средства се доставуваат до Управител плус следниот работен ден од уплатата.

Во евиденциите за фондовите на зградите, уплатените средства преку овие сервиси,  Управител плус ги книжи наредниот ден по добивањето на изводите од банката примач.

3)            Надоместок за користење на услугата

Надоместокот за користењето на услугата на виртуелниот POS терминал ја плаќа корисникот во наредното задолжување во фондовите на зградата за којашто извршил уплата, а висината на надоместокот е одделно прикажана во продолжение и е јасно видлива за Корисникот.

За уплати на износ во фондовите на зградата до

– 599,00 ден износот на надоместокот е 47,00 ден

– 599,00 – 999,00 ден износот на надоместокот е 60,00 ден

– над 1000,00 ден износот на надоместокот изнесува 5% од уплатената сума.

4)            Рекламација на трансакции

Сите рекламации поврзани со плаќањата направени на интернет страницата на Управител плус се упатуваат до наведената е-пошта на вработените во Управител плус:

По основ на овие пријави се постапува за секоја одделно, за да се утврди која е причината за настанатата рекламација.

Доколку се утврди дека лицето кое извршило плаќање не искористило картичка која е во негова лична сопственост, управител плус не презема никаква одговорност.

На барање на Банката, Управител плус е должен во рок од 7 работни дена да достави комплетна информација за рекламираната трансакција.

Доколку банката добие рекламација по основ на извршена трансакција со украдена/злоупотребана картичка случајот ќе го пријави до надлежното оделение во Министерството за внатрешни работи за да се отвори постапка за кривичен прогон. Управител плус и Банката се должни да земат активно учество во соработката со надлежните органи на прогонот МВР.

 

5)            Прифаќање на Политиките за плаќање

Обврзникот кој  врши електронско плаќање во фондовите на зградата преку витуелниот POS терминал со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни), во рамки на системот за безготовинско плаќање на Управител плус, со прифаќање на политиките потврдува дека плаќањето го прави исклучиво со платежни картички кои се во негова лична сопственост. Доколку обврзникот изврши трансакција со картичка која не е во негова лична сопственост, Банката прифаќач нема обврска да ја прифати рекаламацијата по оваа трансакција. Овие трансакции може да подлежат на дополнителни проверки во надлежните институции во Државата.