Плати Сметка Online
Online плаќање со mkpay.mk
- без турканици и чекање редици
- најниски провизии
Како работи Mkpay?
- Внесете upravitelplus.mk на Вашиот интернет пребарувач
- Внесете ја Вашата електронска пошта (проверете го junk/spam сандачето)
- Добијте лозинка за еднократна употреба
- Одберете од листата Управител Плус
- Внесете ги почетните 8 бројки од Вашата фактура
- Платете со Visa или MasterCard
Системот Ви овозможува плаќање на сметки преку Веб порталот www.mkpay.mk со едноставна најава без претходно креирање на профил и без електронски токен.
Плаќањето се врши директно преку картичка од брендовите Visa и MasterCard
- Изберете ПЛАТИ ОНЛАЈН.
- Внесете ја Вашата електронска пошта – емаил адреса и проверете го Вашето сандаче за еднократна лозинка (проверете го и junk/spam сандачето).
- Внесете ја лозинката за еднократна употреба.
Напомена: лозинката може да се користи само еднаш и при секое следно најавување мора да побарате нова лозинка.
- Изберете Додади нова фактура и одберете Ројал Солутионс (подружница Управител плус) за Примач
- Десно во полето претплатнички број впишете го бројот што го имаме наведено во самата ваша сметка одма до пресметка по фактура број со назив Претплатнички број за online плаќање (само бројот кој е различен за секој стан)
- Во полето краток опис ( доволно е само да пополни со било каков текст за да ви ја прикаже сметката под тоа име како што ќе внесете во краток опис ).
- Одберете јазик Македонски или Англиски
- Кликнете на полето зачувај
После ќе Ви се отвори во менито износот на последната неплатена сметка (се прикажуваат неплатените сметки почнувајки од месец 01/2023 год – не претходните)
Избирате лево во квадратчето која сметка сакате да ја платите и кликате опција плати.
* За секое наредно логирање внесувате само мејл и лозинка (која ја примате на мејл со секое логирање) и имате преглед на неплатените фактури за Вашиот стан.